Бремената сопруга на Надал заврши во болница, тенисерот ќе ги тужи медиумите затоа што објавиле

Бремената сопруга на Надал заврши во болница, тенисерот ќе ги тужи медиумите затоа што објавиле

пред 2 години

Бремената сопруга на тенисерот Рафаел Надал, била примена во приватна клиника во Палма де Мајорка каде најверојатно ќе и биде извршена итна операција, пренесуваат шпанските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Марија Франсиска Перељо неодамна била хоспитализирана, а прво се размислувало дали ќе биде неопходна операција поради потенцијални компликации со бременоста, пишува El Periodico. Бебето е добро и надвор од животна опасност, но сопругата на тенисерот ќе мора да остане уште неколку недели во болницата во Палма де Мајорка за да ја следат нејзината состојба како превентивна мерка, објави Марка.

Иако тенисерот се трудел да го држи приватниот живот подалеку од очите на јавноста, некој ја фотографирал неговата бремена сопруга, а потоа медиумите пишуваа за нејзината здравствена состојба. Ова го налутило Надал, и тој размислува да поднесе тужба, пренесуваат шпанските медиуми.

Share
Scroll to Top