Бременост во 40-тите: најважните работи што морате да ги знаете

Бременост во 40-тите: најважните работи што морате да ги знаете

пред 3 години

Дали знаете дека жената може да затрудни и во перименопауза?

Многу познати жени го раѓаат своето прво, второ или трето дете во четириесеттите години и кога тоа ќе го кажат, изгледа како игра, како да е нешто најлесно на светот. Сепак, дали бременоста во овие години е навистина лесна?

Еве што морате да знаете доколку планирате да родите во петтата деценија!

Секој месец имате 5 % шанса да забремените

Во триесеттите тие шанси се околу 20 %, а кога ќе наполните 40 тој процент се намалува 4 пати поради намалениот број јајце-келии, чиј број драстично паѓа по 37. роденден.

Плодноста на мажите исто така се намалува

Мажите имаат ист проблем како и жените, односно со годините плодноста им се намалува. Доколку и двајцата партнери се постари од 35, шансите за зачнување значајно се намалуваат.

Можеби ќе ви биде потребно ин витро или донирани јајце-клетки

Жените што одат на ин витро во раните 40-ти имаат шанса речиси 25 % да останат бремени оплодени со своите јајце-клетки. Но, до 43. година овој процент паѓа на 10 %, а во 44. година шансите сè на сè се 1,6 %, па најчесто се користат јајце-клетки од донор.

Активен живот не значи повеќе шанса за зачнување

Правилната исхрана, оптималната телесна тежина и редовното вежбање може да ја подобрат плодноста и да го балансираат нарушувањето на овулацијата, но не и да влијаат врз здравјето на јајце-клетките и на јајчниците.

Можете да забремените и во текот на перименопаузата

Перименопаузата е период од речиси десет години пред потполното престанување на менструалните функции, односно натапувањето на менопаузата. Во текот на овој период бременоста е возможна, но важно е да имате на ум дека ризикот од абортус е поголем.

Share
Scroll to Top