Брена бргу се опива, јас пијам ко Бреговиќ, а Карлеуша е опасен играч: Весна Змијанац за колешките

Брена бргу се опива, јас пијам ко Бреговиќ, а Карлеуша е опасен играч: Весна Змијанац за колешките

пред 3 години

Српската пејачка Весна Змијанац (64) е позната како личност што си кажува сè што мисли. И одамна важи за една од најискрените пејачки на естрадата, на која опстојува над 40 години.

Во едно интервју фолк-пејачката ја прашаа дали има коментар на изјавата на својата колешка Лепа Брена, која во една пригода рече дека Весна и Мира Шкориќ се опијаниле за време на снимањето на видеото за заедничката песна „Мажи“.

„Брена само сака да зборува така. Таа ќе испие една голтка алкохол и веќе се расположува, а мене цел живот ме нарекуваат пијаница, а факт е дека јас ретко пијам надвор од сцената. Пијам само кога настапувам, како Горан Бреговиќ“, искрена беше Весна, која исто така зборуваше и за односот со својата ривалка Лепа Брена.

„На времето пишуваа дека Брена и јас не сме во добри односи, а ние молчевме и остававме работите да ви одат во полза вам новинарите бидејќи, едноставно, не ни беше гајле што се пишува. Бевме популарни, се пишуваше за нас, ги полневме страниците во весниците. Вистината е дека јас никогаш се немам судено со некоја колешка ниту, пак, со колега. Сега е друго време, пејачките станаа многу нервозни, полни со енергија, што не е нормално“.

Змијанац спомена и за сексуалниот скандал на Карлеуша за кој се пишувше пред извесно време.

„Можеби не беше добро тоа, но како што можете да видите, очигледно тоа не им пречеше на нејзината популарност и слава, таа го користи тоа. Јелена е опасен играч. Бев со неа и во добро и во зло. Јелена за мене е енергија која е многу силна. Нашите луѓе не ја разбираат Јелена. Таа тука сакаше нешто многу добро да направи, но тие не ја разбираат“, изјави пејачката.

Share
Scroll to Top