Состојки
5 јајца, 150 грама обично брашно, 1 ½ лажичка прашок за пециво, 380 грама рендани тиквички, 1 главица кромид, 200 грама сланина, 90 грама рендано сирење, 40 мл маслиново, масло, сол и бибер по вкус
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 170 степени. Исчистете го и ситно исечкајте го кромидот, сланината исечкајте ја на коцки, а ренданите тиквички добро исцедете ги со раце. Во сад со средна големина се матат јајцата, се додава измешаното брашно и прашокот за печиво и се меша со жица додека не се соединат состојките. Измешајте ги ренданите тиквички, кромидот, сланината, сирењето и маслото и зачинете со сол и бибер. Лесно намачкајте и обложете тавче со големина од 30 x 20 cm со хартија за печење и истурете ја смесата во неа. Ставете во рерна и печете 30 минути. Извадете ја питата и оставете да се излади, а потоа послужете.