post-image

Брижит Макрон во класичен црн едноделен костим за капење, ужива на плажа заедно со сопругот Емануел

пред 2 години

Француската прва дама Брижит Макрон фотографирана е во костим за капење додека летува заедно со нејзиниот сопруг Емануел Макрон во „Bormes-les-Mimosas“, каде што се наоѓа тврдината Бреганкон, која во 1968-ма година стана официјална летна резиденција на француските претседатели.

dobivaj vesti na viber

За овој летен одмор таа одбра класичен црн едноделен костим за капење.

Модните експерти француската прва дама ја сметаат за олицетворение на деловната елеганција,која секогаш е соодветно облечена за пригодата, никогаш не греши во модата и секогаш изгледа беспрекорно. Додека на социјалните мрежи често ја критикуваат Брижит поради изборот на облека и ја сметаат за несоодветно облечена за нејзината возраст, особено кога ќе се појави во кожени панталони или тесни фармерки.

Овој пат изборот на костимот за капење на Брижит на социјалните мрежи помина без замерки.

Додека францускиот претседател уживаше во возење џет ски, првата дама се препушти на пливање и сончање.

 

Share
Scroll to Top