Брижит Макрон во шик бела комбинација со штикли кои се моден хит оваа сезона

Брижит Макрон во шик бела комбинација со штикли кои се моден хит оваа сезона

пред 2 години

Првата дама на Франција, Брижит Макрон на инаугурацијата на францускиот претседател Емануел Макрон се одлучи за бела комбинацијаЗа оваа пригода Брижит се одлучила за едноставна, но многу моќна комбинација во бела боја, која лесно се издвојуваше во толпата, со оглед на тоа што повеќето од присутните ја одбраа темната боја. Првата дама остави силен ефектен впечаток со фустан во бела боја со прав крој до колена, во комбинација со кратка јакна со црни копчиња.

dobivaj vesti na viber

Дијамантските обетки само го надополнија нејзиниот изглед, како и модерните, бели салоники со метален шпиц и висока потпетица. Овој модел на салонки е многу популарен оваа сезона – класичен е, а сепак различен и шик токму поради металниот детал кој им дава посебен шмек.

Брижит ја подигна својата бујна, руса коса во ноншалантна, ниска пунџа со неколку пуштени прамени и се одлучи за својот вообичаен начин на шминкање – светло розев кармин и темни нијанси на очните капаци. 

Share
Scroll to Top