Британецот Џејмс Асквит е најмладиот маж кој го обиколил светот, а за тоа му биле потребни само 6 години. Додека на почетокот од 2021 година светот беше затворен во карантин и изолации поради пандемијата со коронавирусот, Цејмс Асквит го прослави роденденот во Дубаи. Оттогаш ги има посетено Париз, Франкфурт и Јужна Африка на бизнис патувања.
„Имав 24 годни кога го прошетав светот. Ми беа потребни 6 години, без да се брзам некаде“, вели Џејмс и откри дека се започнало откако ја завршил првата година од студиите.
„Отидов со најдобриот пријател како волонтери во југоисточна Азија. Градевме куќи. Не знаевме ништо да работиме, но дававме се од себе. Тоа беше моето прво искуство со патување“, вели тој.
Џејмс потоа се вратил во Лондон, да ја продолжи втората година на факултет и сфатил дека не може за ништо друго да размислува. Веднаш се упатил на аеродром и така започнала неговата авантура.
Истото го повторил и на третата година, а подоцна кога добил работа, имал голема среќа што директорот имал разбирање за неговите патувања и му дозволил да продолжи да патува.
„Некои земји беа надвор од мојот дофат. Една од нив е Судан. Затоа трпеливо чекав да почнам повеќе да заработувам“, вели тој
Сега има 32 години и признава дека му е драго што младоста ја искористил на вистинскиот начин.
За пари вели дека се снаоѓал со миење автомобили, дувал балони на детски родендени, заработувал од секакви ангажмани. Се заработил сам, без спонзори.
„Сакав да покажам дека се може да постигнам со сопствениот труд“, вели тој.
На прашањето кои места според него имаат најголемо влијание, Џејмс вели дека тоа се Египет и Виетнам.
Пред Џејмс, најмладиот маж кој го има прошетано светот бил на 37-годишна возраст.