Британскиот апелационен суд ја преименува денес пресудата на пониската судска инстанца и ја отвори вратата за испорачување на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, на САД.
Со тоа судот ја прифати жалбата на САД, кои го терети Асанж за повеќе кривични дела, вклучувајќи ги и обвиненијата за шпионажа.
На почетокот на годината, Окружниот суд од здравствени прични го одби барањето на САД за испорачување на Асанж.
На Австралијанецот сега у се закануваат 175 години затвор во САД, каде судски го гонат поради објавување на стотина илјади доверливи документи.