Британците бараат финалето на ЛШ да се игра на во Лондон наместо во Истанбул

Британците бараат финалето на ЛШ да се игра на во Лондон наместо во Истанбул

пред 3 години

Мајкл Гоув, пратеникот од владеачката Конзервативна партија, потврди дека британската влада е вклучена во „деликатни преговори“ со кои финалето на Лигата на шампиони наместо во Истанбул би се играло на „Вембли“ во Лондон. Ова се случи откако „Манчестер сити“ и „Челси“, два англиски клуба, се пласираа во финалето на ЛШ.

Англиските клубови треба да играат на „Ататурк олимпискиот стадион“ во Истанбул на 29 мај. И иако за двата клуба има обезбедено по 4.000 билети, најверојатно никој од фановите нема да реши да отпатува во Турција, бидејќи земјата е на „црвената листа“ поради короната, а по враќањето во Британија ќе мора да одат во двонеделен карантин.

„Мојот син е фан на Челси и би сакал да го види мечот во Велика Британија. Во моментов има деликатни преговори. Мојот пријател, министерот за култура, Оливер Дауден преговара за тоа и не сакам да прејудицирам, но сите фанови во Велика Британија би сакале домашно финале“, изјави Гоув за „Скај њуз“.

Претходно, министерот за транспорт, Грент Шапс потврди дека УЕФА ќе го има последниот збор за финалето и потсети дека земјите на „црвената листа“ не треба да се посетуваат освен за „посебни потреби“.

Во Англија се тврди дека ЕФЛ веќе го поместило плејофот за влез во Чемпионшип од 29 мај за да може да се организира финалето на ЛШ.

Share
Scroll to Top