Бритни се сврши со 12 години помладиот дечко откако татко ѝ се откажа од старателството

Бритни се сврши со 12 години помладиот дечко откако татко ѝ се откажа од старателството

пред 3 години

Поп-sвездата Бритни Спирс, се сврши со фитнес-моделот Сем Асгари, една недела откако нејзиниот татко се откажа од старателството. Таа на Инстаграм објави видео и го покажа дијамантскиот прстен. „Не ми се верува“, напиша пејачката.

Слика објави и Сем, а подоцна неговиот менаџер потврди дека парот се свршил.

„Двојката денес ја официјализира својата долгогодишна официјална врска и тие се длабоко трогнати од поддршката, посветеноста и љубовта што им се укажува“, соопшти тој за медиумите.

Ова е трета свршувачка за Бритни (39) која претходно двапати беше во брак. Во 2004 година таа во Лас Вегас се омажи за пријателот од детството Џејсон Александар, но тој брак беше поништен неколку дена подоцна. Пред крајот на истата година таа се омажи за танчарот Кевин Федерлајн, со кого има два сина. Тие се разведоа во 2007 година.

Бритни и Сем се во врска од 2016 година. Пејачката неколку пати изјавуваше дека еден ден сака да се омажи за Сем и да имаат деца, но дека тоа не е возможно додека татко ѝ Џејми е нејзин старател. Според неа, татко ѝ не ѝ дозволувал да има деца и дека таа со години има вградена спирала за да не забремени.

Во јуни Бритни изјави пред судот во Лос Анџелес дека 13-годишниот старателски надзор е насилен. „Си го сакам животот назад“, рече таа. „Се надевам дека ќе се омажам и ќе имам уште деца“.

Минатата недела, таткото на Спирс, Џејми Спирс, поднесе документи во кои бара од судот да се укине спорниот надзор. Следното судско рочиште за случајот е закажано за 29 септември.

Share
Scroll to Top