Бритни Спирс и Сем Асгари се разведуваат по нешто повеќе од една година брак. Асгари поднел барање за развод, неколку часа по објавувањето на веста за нивната разделба.
Манекенот, кој се ожени со поп-ѕвездата во јуни 2022 година, во своето барање за развод наведува непомирливи разлики.
Според „ТМЗ“, кој прв ја објави веста, Асгари и Спирс имале жестока расправија во која тој ја обвинил пејачката за неверство. Асгари, наводно, се иселил од куќата.
„Јаху ентертејнмент“ се обрати до претставниците на Спирс, но не доби веднаш одговори. Претходно и „Пипл“ потврди дека се наѕира крајот, цитирајќи извор кој откри: веќе долго време меѓу нив е многу токсично.
„Нивниот брак е проблематичен со месеци. Постојано има драма. Тажно е, но сепак, разводот би бил поразувачки за Бритни“, тврди инсајдер близок до Спирс.
Во март, парот беше забележан без бурмите. Со месеци кружеа гласини дека бракот е во големи проблеми, но Спирс и Асгари покажаа обединетост кога беа забележани заедно во јавност. Тој објави посвета на Спирс – нарекувајќи ја „жената од моите соништа“ – во јуни на неговата Инстаграм-приказна за да ја одбележи нивната годишница.
Моделот, исто така, ја поддржа својата сопруга минатиот месец по фијаското со Виктор Вембањама – кога Спирс рече дека ја удрил еден од телохрнителите на НБА ѕвездата.
Ова ќе биде трет развод на Спирс, доколку документите официјално бидат поднесени. Во 2004 се венча со Џејсон Александар, нејзин пријател од детството, и беа во брак само 55 часа. 10 месеци подоцна Спирс се омажи со Кевин Федерлајн.
Спирс и Асгари се земаа минатото лето. На венчавката присуствуваа голем број ѕвезди, вклучувајќи ги Селена Гомез, Парис Хилтон, Мадона и Дру Баримор.
Би можело да ве интересира
Џоан Колинс на 90 години во бикини ужива со својот 32 години помлад маж
Ник Картер од „Бекстрит Бојс“ одговори на обвинувањата за силување, со девојката манипулира нејзиниот адвокат, таа со години зборува против мене
Мистериозен астероид се приближува кон Земјата, предупредуваат експертите
Љубовен хороскоп за јуни 2022: Бикот не е задоволен со партнерот, Девицата разочарана од љубовта
Наоми Кембел позираше со својата ќерка за насловната на Вог: Отсекогаш знаев дека ќе станам мајка
Фетел дисквалификуван по трката во Унгарија, поради проблемите со горивото, а не за ЛГБТ маичката