Бритни Спирс по пет години врска се омажи со свршеникот Сем Асгари. Ова е нејзин трет брак. Бритни и Сем се венчаа еден месец откако пејачката објави дека имала спонтан абортус и го изгубила нивното бебе.
На интимната церемонија во Лос Анџелес присуствувале стотина гости, но не биле поканети нејзините родители и сестрата Џејми Лин. На венчавката не дошле ни синовите на Бритни, пренесоа американските медиуми. Тие се повикуваат на свои извори и пишуваат дека Бритни носела венчаница од Доналета Версаче, со едно откриено рамо и V-израз, а додека одела кон олтарот се слушала песната од Елвис Can’t Help Falling in Love. Меѓу гостите на свадбата биле и Парис Хилтон и Дру Баримор.
Поп-ѕвездата и фитнес тренерот од Израел се запознаа во 2016 на снимањето на музички спот, а се свршија лани во септември, брзо пред судот да го прекине старателството што татко ѝ го имаше врз неа, а преку кое ѝ го контролираше нејзиниот приватен и професионален живот. Спирс лани откри дека според договорот, не смеела да се мажи и да има уште деца.
Спирс претходно беше мажена двапати. Со пријателот од детството Џејсон Александер се венча во Лас Вегас и тој брак беше поништен по неколку дена. Потоа се омажи со танчарот Кевин Федерлајн, со кого има две деца. Тие се разведоа во 2007.