Брук Шилдс уживала во Хрватска, па ненадејно ги избришала сите фотографии од одморот

Брук Шилдс уживала во Хрватска, па ненадејно ги избришала сите фотографии од одморот

пред 7 часа

Холивудската актерка и модел Брук Шилдс дел од летото го поминала во Хрватска, од каде накратко споделила фотографии и видеа со своите следбеници на Инстаграм. Но, набргу потоа целата објава мистериозно исчезнала од нејзиниот профил.

Според „The Sun“, Шилдс објавила неколку моменти од одморот, меѓу кои фотографии покрај водопади, пловење со брод и капење во Јадранот.

На една од фотографиите 61-годишната актерка седела на карпа покрај водопад, облечена во едноставен црн едноделен костим за капење. Со мокра коса и затворени очи, таа позирала во целосно опуштено издание, далеку од гламурот и црвените теписи.

Шилдс споделила и видео на кое скока од брод во вода, како и фотографија на која се смее во друштво на пријатели за време на пловење.

Сепак, објавата набргу била избришана, а актерката не објаснила зошто решила да ги отстрани фотографиите од својот одмор.

Дека Брук Шилдс ова лето навистина престојувала во Хрватска беше познато и претходно.

Националниот парк Крка се пофали со нејзината посета и објави заедничка фотографија со познатата актерка.

„Како да го наречеме денот кога нè посетува единствената и неповторлива Брук Шилдс? Не знаеме ни ние, но знаеме дека сме апсолутно воодушевени“, напишаа тогаш од паркот.

За време на престојот во Хрватска, Шилдс се дружела и со комичарката, актерка и телевизиска водителка Челси Хендлер, која во средината на јули исто така престојувала на Јадранот.

Хендлер не го криеше воодушевувањето од патувањето и пред своите милиони следбеници сподели повеќе фотографии од одморот, меѓу кои и моменти поминати со Брук Шилдс.

„Хрватска беше прекрасна“, напиша Хендлер, додавајќи дека одморот, новите познанства и времето поминато со пријателите ѝ дошле во вистински момент.

За разлика од Хендлер, која ги остави фотографиите од Јадранот на својот профил, Шилдс засега одлучила своите летни спомени од Хрватска да ги тргне од очите на јавноста.

Share
Scroll to Top