Брус Вилис и покрај болеста афазија во иднина ќе го има во филмовите

Брус Вилис и покрај болеста афазија во иднина ќе го има во филмовите

пред 2 години

Холивудскиот глумец Брус Вилис, сè уште може да се појавува во филмови откако минатата година, пред да му биде дијагностицирана болеста афазија, ги продаде правата на американската фирма Deepcakey. Оваа компанија во иднина ќе може во филмовите да го користи неговиот лик.

Вилис поради афазија, болест поради која имаше проблем да ги запамети репликите, мораше да се повлече од глумењето филмови и Холивуд.

Но, Инженерите во Deepcakey на веб-платформа за оптимизација на содржина напојувана со вештачка интелигенција, создадоа ултра реалистичен дигитален близнак на глумецот, со фотографии од неговото лице на нивната мрежа, пишува Daily Mail.

На инженерите им е потребно само три до пет дена да го рекреираат Вилис во проектите, а глумецот ќе треба да го има конечниот збор за тоа што тие го направиле.

„Ми се допадна прецизноста како го направија мојот лик. Тоа е мини филм во мојот вообичаен жанр акциска-комедија“, рече Вилис за нивната веб-страна.

„За мене ова е одлична можност да се вратам во минатото. Со доаѓањето на модерната технологија, дури и кога сум бил на друг континент, можев да комуницирам, да работам и учествувам во снимањето. Тоа е ново искуство и сум му благодарен на целиот тим“, рече тој.

Продуцентите на „Војна на ѕвездите“ користеа технологија deepfake за нивните глумци и членови во екипата. Славни ѕвезди како Арнолд Шварценегер, Џим Кери и Мишеф Фајфер, наводно исто така имаат дигитални близнаци.

Брус има уште три акциски трилери кои ги сними минатата година пред да му биде дијагностифицирана афазија и замине во пензија. За потсетување, афазија се појавува кај луѓе кои потоа имаат проблеми со разбирањето или формирањето на јазикот.

Оваа болест настапува по оштетувањата на одредени делови од мозокот кои може да настанат за време на мозочен удар, трауми на главата, тумор на мозокот, инфекции или невродегенеративни болести поради кои Вилис не можеше да продолжи да глуми.

Share
Scroll to Top