Бугарскиот селектор за успехот на Македонија: Така е кога фудбалот е државна политика

Бугарскиот селектор за успехот на Македонија: Така е кога фудбалот е државна политика

пред 2 години

Бугарскиот фудбалски селектор, Јасен Петров зборуваше за успесите на Македонија и Србија кои успејаа да ги направат во квалификациите за Светското првенство во Катар во 2022 година.

Тој рече дека тоа се должи на државната политика и дека тоа е клучот за успех и на нивната репрезентација, која од Европското првенство 2004 година, не може да се пласира на едно големо натпреварување. Петров имаше лоши резултати во квалификациите, остварувајќи само 2 победи.

Тој рече дека резултатот се должи на недостатокот на државната помош во фудбалот, што е клуч за успех на една репрезентација и дека Србија и Македонија поради тоа имале успех. Србија веќе обезбеди пласман во Катар, а Македонија ќе игра бараж, а плус летово играше и на Еуро 2020.

„Успесите на Србија и на Македонија не се само плод на работа на луѓето во фудбалот, туку тоа е комплетно една државна политика. И така тоа се прави, кога сакаш да развиеш некој спорт“, рече Петров.

Бугарија своите најубави денови во фудбалот ги имаше во 1994 година на Мундијалот во САД кога завршија на 4 место. Тогаш оваа репрезентација беше водена од легендарните Стоичков, Лечков, Балаков.


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top