„Булмак 2016“ со честитка за Денот на рударите: Вашиот труд е столб на секојдневната стабилност

„Булмак 2016“ со честитка за Денот на рударите: Вашиот труд е столб на секојдневната стабилност

пред 7 часа

Компанијата „Булмак 2016“ упати честитка до рударите по повод 28 август – Денот на рударите, изразувајќи почит и благодарност за нивната пожртвуваност, храброст и секојдневна работа во тешки услови.

„Честит Ден на рударите! Денот кога им оддаваме искрена почит на луѓето чија челична волја и несебичен труд стојат како тивок столб на секојдневната стабилност“, порачаа од компанијата во објавата на социјалните мрежи.

Од „Булмак 2016“ нагласија дека работата на рударите има големо значење не само за компанијата и рударскиот сектор, туку и за развојот и сигурноста на целото општество.

„Ви благодариме што со секој чекор во длабочината и секој ископан тон овозможувате развој и сигурност за сите нас“, се наведува во честитката.

На рударите им беа упатени желби за добро здравје, мир и безбедно завршување на секој работен ден.

„Нека ви е честит и вековит празникот, со желби за добро здравје, мир и секогаш безбедно враќање во топлината на домот“, порачаа од компанијата.

„Булмак 2016“ ДООЕЛ Пробиштип е дел од „Минстрој холдинг“ и е концесионер на рудните наоѓалишта „Злетово“ во Пробиштип и „Тораница“ во Крива Паланка. Компанијата започнала со активна работа во 2016 година и врши ископ и експлоатација на руда во двата рудника, се наведува на нејзината официјална интернет-страница.

Денот на рударите традиционално се одбележува на 28 август, истовремено со православниот празник Успение на Пресвета Богородица, која се почитува како заштитничка на рударите.

Share
Scroll to Top