Томислав Јагуриновски и Михаил Аларов од сега во тимот на Врадар. Иако сезоната е во тек и Вардар 1961 е лидер во својата група, сепак актуелниот шампион почна со засилувања за следната сезона. Првите двајца ракометри кои потпишаа на две сезони со можност за продолжување се стандарниот репрезентативец Томислав Јагуриновски и Михаил Аларов кој е на поширокиот список на репрезентацијата.
Со тоа се зголемува бројот на македонски репрезентативци, а како што информираат од Вардар 1961 планот на клубот околу засилувањата на застануваат тука.
Јауриновски по две сезони повторно ќе биде дел од Вардар, и тој е дете кое потенува од школата на клубот. По една полусезона мината на Исланд се врати во Македонија, а од следната сезона пак ќе биде дел од Вардар. Игра на позиција на десен бек, а по потреба може и да игра како десно крило.
Михаил Аларов доаѓа од екипата на Пролет и важи за еден од перспективните пивотмени во првенството. Се наоѓа на поширокиот список за репрезентацијата на Македонија и сериозно се наметнува за во иднина. Тој ќе биде колега на Милан Лазаревски, Стефан Атанасовски и Стојанче Стоилов на пивотменската позиција.