Вардар десетти пат ќе игра во Лигата на шампиони

Вардар десетти пат ќе игра во Лигата на шампиони

пред 4 години

Македонски ракометен првак Вардар и догодина ќе игра во Лигата на шампиони, откако ја освои 15. титулата во домашниот шампионат. Со тоа двократниот освојувач на европската круна го обезбеди своето десетто учество во најсилното европско клупско натпреварување.

dobivaj vesti na viber

Во Лигата на шампиони ќе играат и Порто, Магдебург, Барселона, ПСЖ, Кјелце и Динамо Букурешт.

Шанса да се најде во ЛШ, има и Нант, бидејќи Франција ќе биде една од оние земји кои треба да добие вајлд-карта за првенството. По двајца претставници следната сезона ќе имаат Франција, Унгарија и Германија.

Од Бундес-лигата се чека името на вториот тим кој ќе добие директно место во ЛШ, а не се знае ни кој ќе биде вториот претставник од Унгарија, Веспрем или Пик Сегед. За сега празно место стои и кај претставникот од Данска.

Share
Scroll to Top