Вардар конечно победи во Втората лига во дерби натпреварот против Воска

Вардар конечно победи во Втората лига во дерби натпреварот против Воска

пред 3 години

Поранешниот шампион на Македонија, Вардар, конечно оствари победа во натпревар од Втората лига. Фудбалерите на Вардар славеа 2:0 против Воска Спорт.

Во првите две кола Вардар освои само еден бод, откако одиграа реми против Кораб (0:0), а потоа загубија од Силекс 1:2.

Првиот гол за црвено-црните го постигна Никола Наумовски во завршницата на првото полувреме, а Кристијан Костовски ја потврди победата со гол за 2:0.

 

Share
Scroll to Top