Васоски е нов тренер на Вардар, а Хаџиевски спортски директор

Васоски е нов тренер на Вардар, а Хаџиевски спортски директор

пред 1 година

Александар Васоски е нов тренер на фудбалскиот клуб Вардар. Денеска и официјално беше промовиран, откако пред неколку дена дојде до промена на тренерското место во најтрофејниот македонски фудбалски клуб.

„Со огромно задоволство ја соопштуваме веста, дека од денес за нов тренер на Вардар е назначен Александар Васовски – Тетовче, играчка легенда на клубот и човек под чие водство Вардар ја освои последната шампионска титула во 2019 година.

Васовски дојде на местото на Бобан Грнчаров кој го водеше Вардар минатата сезона и во првите две кола сезонава. Покрај него, во клубот се враќа и големата спортска легенда Ѓоко Хаџиевски, најтрофејниот Вардаров тренер и човекот кој со „црвено-црните” освои вкупно пет шампионски титули и два национални Купа.

„Веруваме дека со неговото богато интернационално тренерско искуство и знаење, ќе биде од огромна помош за тренерот Васовски, но и за целокупниот тим“, се вели во соопштението на клубот.

За потсетување, Васоски и Хаџиевски ќе дебитираат утре попладне од 16:30 часот, на дуелот од четвртото коло против Силекс.

Share
Scroll to Top