Веројатно ќе бидам подобар, Лане Гутовиќ се огласи по веста дека му се влошила состојбата

Веројатно ќе бидам подобар, Лане Гутовиќ се огласи по веста дека му се влошила состојбата

пред 3 години

Српскиот актер Милан Лане Гутовиќ во петокот беше итно примен во болница поради проблеми со дишењето, а лекарите одлучија да го стават на кислород. Тој направи ПЦР тест и резултатот покажа дека нема корона, но сепак беше задржан на лекување.

Актерот се огласи по веста дека здравствената состојба одеднаш му се влошила и бил префрлен на одделот за интензивна нега на Военомедицинската академија. 

„Веројатно ќе бидам подобар”, вели тој.

Гутовиќ пред два месеци потпиша договор за снимање на нова српска серија, која треба да започне со снимање во септември. Актерот се согласи да соработува со продуцентите Данијел Ѓуриќ и Никола Буровац, авторите на ситкомот „Три мажи и тетка“.

„Штом го прочита сценариото, Лане со задоволство ја прифати улогата. Тој нема снимено ништо со години, па многу ни е мило што се согласи да работи со нас како млади продуценти“, изјави неодамна Ѓуриќ.

Share
Scroll to Top