Синот на актерката Весна Бејби Петрушевска, Кирил прослави 20. роденден. Тој пред три години замина во Хјустон, Америка кај својот татко Јанко Тренкоски, каде го продолжи образованието.
Тој минатата година беше матурант.
Весна Бејби објави неколку фотографии од Кирил на Инстаграм и му напиша честитка за роденднот.
„Нека целата среќа на овој свет ти припаѓа тебе, нека твојата љубов му припаѓа на оној кој најмогу го сакаш, нека сè што е убаво – биде твое. Среќен роденден, срце мое. Среќна 20-ка Кирил Тренкоски. Те сакам“, напиша Весна Бејби.
Весна Бејби во интервју за Репортер откри дека иако е разведена од нејзиниот сопруг сепак имаат коректен однос.
„Таткото на Кирил му го овозможи тоа и јас сум среќна. Со Јанко и со неговата сопруга сега сме една хепи фемили, одлично стоиме, и фала им за сè што направија за Кирил“, изјави Весна за Репортер.