(Видео) Австриска пратеничка се онесвести додека зборуваше за оставката на Себастијан Курц

(Видео) Австриска пратеничка се онесвести додека зборуваше за оставката на Себастијан Курц

пред 3 години

Австриската пратеничка Ева Мариа Холцлајтнер, колабрираше за време на нејзиниот говор во Собранието. Нејзините колеги веднаш дотрчаа да ѝ помогнат, а подоцна рекоа дека со неа сè е во најдобар ред.

Ева, која е пратеничка од опозиционата Социјалдемократска партија на Австрија, на говорницата зборуваше за истрагата против доскорешниот канцелар Себастијан Курц, кој поради сомнеж за корупција си поднесе оставка.

На седницата бурно реагираше и лидерката на NOES Беате Мајнл-Рајзингер, која на новиот канцелар Александер Шаленберг, му предаде документ со обвиненијата против Курц. Опозицијата реагираше бурно, откако Мајнл ги фрли документите на земја.

Тој потоа рече дека немал намера да покаже непочитување кон независното правосудство, како што тоа некои го протолкувале.

Share
Scroll to Top