(Видео) Автомобилот кој Маск го лансираше во вселената сврте двапати околу Сонцето и

(Видео) Автомобилот кој Маск го лансираше во вселената сврте двапати околу Сонцето и

пред 2 години

Автомобилот кој пред четири години Илон Маск го лансираше, се уште лета во вселената. Тоа два ипол пати сврте околу Сонцето и има поминато над 3 милијарди километри. Експертите велат дека засега мали се шансите тоа да се врати на Земјата или да удри во Сонцето или Венера.

Маск го лансираше неговиот автомобил Tesla roadster од Флорида. Тоа го направи како маркетиншки трик, а не за научно истражување. Се работеше за пробно лансирање на „Спејс икс“, кој требаше во вселената да понесе со себе лажен товар.

Маск претходно рече дека тоа сака да биде најглупата работа која можеме да ја замислиме, па на крајот го одбра својот roadster. Во понеделникот возилото се најде на 375 милиони километри оддалеченост од Земјата и околу 320 милиони клиометри од Марс.

Тоа помина низ таканаречената ничија земја, покажувајќи податоци на страницата whereisroadster.com, која НАСА ја користи за податоци за следење на возилата.

„Roadster веројатно се уште е во еден дел, но, можно е и да било погодено од некои метеороиди“, рече за „Си-ен-ен“ Џонатан Мекдауел, од опсерваторијата „Смитсонијана“.

Во изминатите четири години тоа направило околу 2,6 круга околу Сонцето, минувајќи главно низ празното подрачје во вселената, односно вакум. Но, понекогаш би требало да мине и низ други вселенски тела.

Во 2020 година вселенскиот „Тесла“ првпат му се доближи на Марс на растојание од 8 милиони километри од планетата, односно на 20 пати поголемо растојание отколку што е меѓу Земјата и Месечината. Според податоците на „НАСА“, автомобилот веројатно ќе мине во близина на друга планета до 2035 година, кога повторно ќе се доближи до Марс.

Во 2047 и 2050 година се очекува двапати да се доближи до Земјата на оддалеченост од неколку милиони километри. Едно истражување проценило дека има 22% шанси автомобилот да удри во Земјата в следните 15 милиони години. Шансите да се залета во Венера или Сонцето се 12%.

Ако навистина дојде до такво нешто, истото веројатно ќе се распадне на парчиња додека влегува во нашата атмосфера. На Земјата постојано паѓаат разни вселенски објекти, но, тие обично согоруваат во атмосферата и ретко претставуваат опасност за населените области.

Конечната судбина на автомобилот на Маск веројатно нема да се знае уште многу милиони години. Маск во 2018 година рече дека се надева дека луѓето во иднина ќе почнат да ги населуваат другите планети во Сончевиот систем и дека неговите потомци ќе го стават неговиот автомобил во музеј.

Share
Scroll to Top