(Видео) Адам Атлета во Занзибар ја побара за жена Кристина, фитнес парот отворија шампањ на зајдисонце

(Видео) Адам Атлета во Занзибар ја побара за жена Кристина, фитнес парот отворија шампањ на зајдисонце

пред 2 години

Персоналниот тренер Адам Глигороски или попознат како Адам Атлета ја побара за жена неговата девојка Кристина Неделковска. Запросувањето било за време на туристичка тура на бродче додека летуваат на Занзибар.

dobivaj vesti na viber

Парот прославил со шампањ и локална музика додека се журкаат на бродчето со другите туристи. На социјалните мрежи објавија фотографии и видеа од моментот на свршувачката.

„Мојата љубов кажа да“, напиша Адам.

Кристина е фитнес тренер во фитнес клубот Атлета во Скопје, чиј сопственик е нејзиниот дечко Адам. Таа во 2018 година стана фитнес вицепампион на Македонија во категоријата фитнес натпреварувања каде се бара женствена фигура со облини.




 

Share
Scroll to Top