Пејачката Адел (36) се расплака откако ја виде легендарната Селин Дион (56) за време на нејзиниот настап во Лас Вегас. Додека ја изведуваше песната When We Were Young, Адел и пријде на Селин и ја прегрна, а во тој момент не можеше да ги задржи солзите.
Емотивниот момент го снимил еден обожавател во публиката, кој подоцна го објавил на Икс.
Adele and Celine Dion hugging pic.twitter.com/3u8sRRr6dW
— To Be Loved (@god_adele05) October 27, 2024
Селин Дион, која седела во друштво на своите синови, 14-годишните близнаци Нелсон и Еди, го фати лицето на Адел и ја бакна нејзината рака. Ниту таа не остана рамнодушна на солзите на Адел.
Потоа, Адел ги поздрави обожавателите кои стоеја во близина и се врати на сцената, обидувајќи се да ги избрише солзите.