(Видео) Адел со нова песна за разводот од бившиот

(Видео) Адел со нова песна за разводот од бившиот

пред 5 години

Британската пејачка Адел го најави видео спотот за нејзината најнова песна „Ох Господе“. Позирајќи во црвен фустан без рамења и со јаболко во раката таа рече дека ќе го ојбави на 12 јануари.

Песната рече дека е за разводот од нејзиниот поранешен сопруг Симон Конецки, со кого беше седум години во брак, пред да се разделат во 2019 година.

„Ох Господе“ ќе биде 5 песна на нејзиниот 4 студиски албум „30“, кој го објави во ноември минатата година.

Таа доби поддршка од многу фанови за нејзината песна, но и изглед. Адел се преполови од почетокот на кариерата, а фановите и порачаа дека станала вистинска убавица.

За потсетување, таа сега е во врска со спортскиот агент Рич Пол, кој ги претставува едни од најголемите имиња во НБА лигата.

Share
Scroll to Top