(Видео) Алек Болдвин повторно снима филмови, сè потешко ми е по несреќата

(Видео) Алек Болдвин повторно снима филмови, сè потешко ми е по несреќата

пред 3 години

Актерот Алек Болдвин вчера за првпат почна повторно да снима филмови, по несреќата која му се случи минатата година, во која случајно ја застрела снимателката Халина Хачинс.

Тој рече дека првиот ден му бил најтежок и дека не работел како претходно.

„Одам на работа и забровам што треба да направам. Малку ми е чудно сега. Не работев од 21 септември минатата година кога се случи таа ужасна несреќа во која почина Халина“, рече Болдвин.

Тој во моментов го снима филмот „97 минути“.

„Сè уште ми е тешко да зборувам за тоа. Работата малку ми ги оттрга мислите од тоа. Екипата со која работам е многу вредна и по цел ден се на нозе. Поинаку е кога се работи со млада екипа и ограничен буџет“, рече Болдвин.

За потсетување, Болдвин во едно интервју рече дека никогаш повеќе нема да снима улоги во кои се користи оружје, а можеби и дека нема воопшто да снима повеќе. Актерот пред три месеци за време на снимањето на филмот „Рѓа“, случајно со пиштол реквизит ја застрела снимателката Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел оуза. Истрата сè уште е во тек.

Share
Scroll to Top