(Видео) Амди Бајрам го претрка Ковид -19, па со 600 гости тераше свадба на внуката во Турција

(Видео) Амди Бајрам го претрка Ковид -19, па со 600 гости тераше свадба на внуката во Турција

пред 3 години

Поранешниот пратеник Амди Бајрам вечерва направи свадба за внуката Перихан во Истанбул. Свадбата се одржа на брод на Босфор, а биле поканети над 600 гости од кои 200 биле само од Македонија.

Синот на Амди, Габриел, на својот „Фејсбук“ профил пренесе дел од атмосферата. Невестата на главата носеше венче кое гостите го полнеа со евра.

Музичарите им ги исполнуваа музичките желби. Можеа да се слушнат мнгоу чочек песни, на кои се веселеа сватовите. За Амди Бајрам имало специјални нарачки.

Амди минатата недела не успеа да направи свадба за внуката, поради пандемијата со Ковид 19. Веселбата закажана за 11-ти октомври во ресторан во Шуто Оризари беше откажана, поради забраната за организирање свечености.

Share
Scroll to Top