(Видео) Американец доаѓа во Македонија да се балканизира: Ја продадов куќата и дадов отказ од работа, тргнувам!

(Видео) Американец доаѓа во Македонија да се балканизира: Ја продадов куќата и дадов отказ од работа, тргнувам!

пред 11 месеци

Познатиот американски тиктокер Џастус Рејд, од јули повторно има во план да го посети Балканот. Рече дека си дал отказ од работата и ја продал куќата за ова патување.

Турата ќе ја почне од Србија, а потоа со автобус ќе дојде во Македонија, па ќе продолжи низ Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска и на крај ќе заврши во Словенија.

„Си дадов отказ од работата ѝ ја продадов куќата, за да се преселам на Балканот. Почнувајќи од јули тргнувам со турата. Ќе почнам од Србија, каде ќе се качам во автобус. Ќе патувам во Македонија, Црна Гора, низ Босна и Херцеговина, преку Хрватска па сè до Словенија. Патувањето ќе трае неколку месеци, но решен сум да видам сè што има да се види на Балканот. Прво морам да завршам со автомобилов, а имам само две недели. Молете се за мене и коментирајте ми предлози каде мислите дека треба да одам и што да посетам“, рече Рејд.

Неговиот татко рече дека со нетрпение чекал да си замине од дома и дека едвај се ослободил од него. „Сега целиот е ваш“, рече тој.

За потсетување, Рејд им стана познат на Србите откако објави фотографија ѝ го помеша споменикот на „Никола Тесла“ со оној на „принцот Михајло“.

Share
Scroll to Top