(ВИДЕО) Андреа дел Вал објави шокантно видео од Кан: Тврди дека стилист ја нападнал со ножици во хотелска соба

(ВИДЕО) Андреа дел Вал објави шокантно видео од Кан: Тврди дека стилист ја нападнал со ножици во хотелска соба

пред 6 часа

Андреа дел Вал, актуелната Мис Венецуела, објави вознемирувачко видео на социјалните мрежи во кое се појавува облеана во крв, тврдејќи дека била нападната од својот стилист Џовани Лагуна во хотелска соба во Кан за време на Кански филмски фестивал.

Во видеото, Дел Вал сама се снима непосредно по наводниот инцидент и директно го обвинува Лагуна за нападот.

„Погледнете што ми направи Џовани Лагуна. Честитки, Џовани. Ова е она што го сакаше – да покажеш кој си“, вели таа во снимката.

Потоа ја врти камерата и ја покажува хотелската соба во хаотична состојба, со расфрлани предмети и оштетен мебел, додека Лагуна се гледа како седи во просторијата.

Според извештаите на меѓународните медиуми, гости во хотелот пријавиле силна расправија, викање и звуци на физичка пресметка, по што интервенирала француската полиција и го привела стилистот.

 

Лагуна, кој е познат како стилист и креативен директор во светот на изборите за убавина во Латинска Америка, подоцна бил задржан од полицијата. Во дел од извештаите се наведува дека подоцна бил пуштен на слобода додека трае истрагата.

Од друга страна, Лагуна ги негира обвинувањата и тврди дека Дел Вал не била нападната, туку дека сама се повредила откако се сопнала од статив во хотелската соба.

Според неговата верзија, инцидентот се случил по вербална расправија, а неофицијално се споменува дека конфликтот меѓу двајцата траел подолг период.

Андреа дел Вал добила медицинска помош, а според информациите на медиумите, нејзината состојба е стабилна и таа не е во животна опасност.

Француската полиција продолжува со истрагата за случајот, а засега не се познати конечните обвиненија.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА

Share
Scroll to Top