(Видео) Аргентински водител со шампањ објави за смртта на кралицата

(Видео) Аргентински водител со шампањ објави за смртта на кралицата

пред 2 години

Веста за смртта на Елизабета Втора,сите не ја примија исто. Така, еден водител во Аргентина отвори шампањ во емисија во живо додека најави дека кралицата повеќе не е со нив.

Сантијаго Кунео, покрај шампањот, јадеше и сендвич, а на крајот на емисијата објави и непримерна порака дека кралицата починала.

Додека политичарите и лидерите во светот испратија сочувство до британското кралско семејство, а новинарите од светот му оддадоа почит на монархот, Кунео ја објави веста за смртта на кралицата Елизабета Втора со зборовите: „Старата кретенка е мртва. Силен аплауз за сатаната, кој, конечно, ја зеде“.

Контроверзната најава на аргентинскиот новинар бргу се рашири во Аргентина, а хаштагот #Cuneoalmediodia почна да се појавува и на „Твитер“. Многумина се шегуваа дека бил најстудениот Аргентинец и дека веќе некое време се подготвувал со шампањот за оваа пригода.

„Кој би рекол дека има подготвен шампањ во фрижидерот, патриот. Кунео го претставува просечниот Аргентинец во денешницата. Ако во Аргентина има ирски пабови, таму прославата ќе биде интензивна“, му коментирале некои од фановите.

Имаше и такви што го критикуваа и дека имал лош вкус.

„Јас сум Аргентинец и овој човек мене не ме претставува. Жал ми е за овој губитник“, му порачаа тие. За потсетување, Аргенитна и Британија водеа војна за Фокландските Острови во 1982 година. На крајот Аргентина изгуби.

И покрај конфликтите во минатото, Министерството за надворешни работи на Аргентина ѝ оддаде почест на кралицата велејќи дека аргентинската влада изрази жалење поради смртта на Елизабета Втора и дека е со британскиот народ и со кралското семејство во овој момент на тага.

Share
Scroll to Top