(Видео) Астероид ѝ се приближува на Земјата, научниците велат дека за неколку дена може да не удри

(Видео) Астероид ѝ се приближува на Земјата, научниците велат дека за неколку дена може да не удри

пред 1 година

Астероид широк околу еден километар следната недела би можел да влезе во Земјината орбита, велат од „НАСА“.  Според „Дејли Стар“, од американската вселенска агенција го набљудуваат и рекоа дека сме на неколку дена од судар. Астероидот го крстија 199145 (2005 II 128).

Неговата широчина е од 569 до 1300 метри. Од „НАСА“ претпоставуваат дека ќе се доближи на 4,5 милиони километри од Земјата кога ќе удри во орбитата. Не се сигурни дали ќе предизвика штета.

Досега не дадоа никакво предупредување, но оттаму смируваат дека можно е да е доволно оддалечен и да не предизвика судар. За потсетуваање, секоја година огромен број астероиди ѝ се доближуваат на Земјата. Само минатата недела ни се доближија пет астероиди. Едниот од нив беше со големина на авион.

2023 BB8 му измерија 25 метри широчина и за него рекоа дека иако е со големина на авион е помал од 2023 BI4, кој пак беше оддалечен само 4,8 милиони километри од Земјата. 2023 BB8 беше оддалечен само 3,72 милиони километри кога и се доближи на Земјата.

Се чини дека астероидите кои минатата недела минаа покрај Земјината топка, се помали од 199145 (2005 II 128), кој и се доближува на Земјата.

Линдли Џонсон офицер на „НАСА“ за планетарна одбрана објасни што би направиле од вселенската агенција, доколку Земјата биде погодена од астероид.

„Прво ќе биде испратено предупредување за голем близок контакт, односно веројатен контакт. Ако  откријат потенцијална закана од астероид поголем од 9 метри, работите ќе бидат сериозни. „НАСА“ од мојата канцеларија ќе добие порака со предупредување, која ќе им ја испратат во Белата куќа, Конгресот и други владини организации“, рече Џонсон.

Share
Scroll to Top