(Видео) Атиџе пееше со Сузана Турунџиева

(Видео) Атиџе пееше со Сузана Турунџиева

пред 3 години

Херојката од документарниот филм „Медена земја“, Атиџе Муратова пееше заедно со Сузана Турунџиева во ликовната галерија во Старата скопска чаршија, Даут пашиниот амам.

Директорката на Националната Галерија на Македонија, Дита Старова-Ќерими откри дека за време на посетата, Атиџе изјавила дека за тековните изложби слушнала на радио, а кога го видела клавирот веднаш изразила желба да испее нешто од душа.

Атиџе и Турунџиева имаа можност да ја погледнат изложбата на Решат Амети, а и накратко да отсвират и отпеат нешто со концертниот клавир.

„Денес имавме интересни гости. Сузана Туринџиева оперска пејачка, естраден уметник и водител и Атиџе Муратова, ѕвездата на документарецот “Медена земја” кој доживеа две номинации за Оскар. Се надеваме дека повторно ќе не посетат“, изјави Ќерими.

Share
Scroll to Top