(Видео) Бајден повторно виден на јанво место без маска

(Видео) Бајден повторно виден на јанво место без маска

пред 2 години

Иако американскиот претседател Џо Бајден, постојано ги повикува граѓаните да носат маски во затворени простории, самиот тој не се придржува до правилата кои сака да ги наметне, пренесуваат светските медиуми.

Бајден повторно бил виден без маска на јавно место. Тој неколку дена ги мина на островот Нантакет, во масачусетс, каде бил снимен во посета на неколку локали, без заштитна маска. Бајден ги игнорирал бројните предупредувања кои стоеле на вратите дека е задолжително носење на маска.

Инаку, како што пренесува „Њујорк пост“, Бајден за Денот на благодарноста беше во посета на Нантакет, со семејството на имотот на милијардерот Дејвид Рубинштајн. Тој уште во февруари рече дека маските се неопходни да се носат во текот на целата година.

Во август пак рече дека е задолжително носење на маски во целата земја во наредните 3 месеци.

Share
Scroll to Top