(Видео) Бебе Реџа итно однесена во болница, ја удрија со мобилен по глава среде концерт

(Видео) Бебе Реџа итно однесена во болница, ја удрија со мобилен по глава среде концерт

пред 1 година

Бебе Реџа во текот на настапот во „The Rooftop“, Њујорк, била погодена во глава со мобилен телефон, поради што паднала на сцената од болка.

Видеоснимките се споделуваат на Твитер, на кои се гледа како телефонот лета во воздухот пред да ја удри пејачката во глава. Откако била погодена, Бебе Реџа паднала на подот додека нејзиниот тим истрчал на сцената за да ѝ пружи помош.

Инцидентот се случил пред крајот на настапот.  Нејзината мајка открила дека Бебе има сега  три конци на главта по ударот.

Исто така, на социјалните мрежи се појави и снимка која прикажува возило на Итната помош на местото на настанот, со кое пејачката била пренесена во болница.

Се чини дека сите добро се забавувале сè до моментот кога таа била повредена. Добитничката на Греми повикала обожавател на сцената да ја отпее „I’m Gonna Show You Crazy“ со неа и многу присутни изјавиле дека тоа била одлична ноќ.

Share
Scroll to Top