(Видео) Бесконечен син круг: Сергеј Трифуновиќ емотивно се прости од Џеј

(Видео) Бесконечен син круг: Сергеј Трифуновиќ емотивно се прости од Џеј

пред 3 години

„Бесконечен син круг и Џеј во него“ – со овие зборови, актерот Сергеј Трифуновиќ се прости од Џеј Рамадановски. Труфиновиќ, кој е лидерот на движењето на слободни граѓани на Твитер објави видео во кое го отпеа познатиот хит на Џеј „Сонце на љубовта“.

„За братот Џеј, каде и да е сега“, вели Сергеј на почетокот на песната.

Познатиот пејач на народна музика почина вчера во неговиот дом во Белград, по ненадејни проблеми со срцето.

Ќе биде погребан во Алејата на великите на новите гробишта во Белград, што го потврдила и неговата ќерка Марија за српските медиуми.

Share
Scroll to Top