Бразилската манекенка и снајперистка Талито до Вале е убиена за време на руското гранатирање на градот Харков, само три недели откако пристигнала во Украина.
Како што пренесоа бразилските и британските медиуми Талито има учествувано во хуманитарни мисии ширум светот, а претходно се борела и против ИСИС во Ирак.
Убиена е минатата недела откако проектил го погодил нејзиниот бункер во Харков, градот на североисток од земјата, кој беше изложен на интензивно бомбардирање за време на војната.
@thazinhaaaaaaaaaa #war #kurdistan #kirkuk #iraq #front #brazil #brazilianwoman ♬ original sound – unknown
Талито студирала право, а во младоста работела и како модел и актерка. Таблоидите „Мирор“ и „Дејли мејл“ наведуваат дека учествувала и во спасувањето на животите со невладините организации.
Снајперска обука минала кога се придружила на Пешмергам, вооружени воени сили од независниот Курдистански Регион во Ирак.
@thazinhaaaaaaaaaa Treinos #Kurdistan #war #peshmergaforces #militar #woman #fighter #fy ♬ son original – Eddie CuDi
Нејзиниот брат Тео Родриго Виера ја опишал како херој и рече дека нејзината животна цел била да спасува животи и да учествува во хуманитарни мисии. Тој рече дека во Украина била три недели, каде работела како спасувач, но и снајперист, стрелец.
Исто така наводно им го чувала грбот на украинските сили од нападите на руските трупи.