(Видео) Бронзен медал за каратистот Емил Павлов во Истанбул

(Видео) Бронзен медал за каратистот Емил Павлов во Истанбул

пред 4 години

Македонскиот каратист Емил Павлов освои бронзен медал во К1 Премиер лигата во Истанбул, Турција, откако го победи Каисар Албисбаир од Казахстан со 4:1.

Претходно, до натпреварот за бронзата, Емил ги победи Аминага Гулијев од Азербејџан со 3:0, Афеф Гаит од Јордан со 3:2, а со победата против Матиас Гарсиа Гомез од Шпанија со резултат од 8:3 се пласираше во полуфиналето. Тука загуби 2:5 од азербејџанецот Фирдовси Ферзалиев.

„Оваа победа и освоениот бронзен медал за нашиот најдобар каратист се голем поттик за уште поголема самодоверба пред Европското првенство во Пореч и квалификацискиот турнир во Париз, во борба за олимписка норма за ЛОИ во Токио. Од нашите спортисти, пласман на 7 место во категорија – 75 км постигна Доан Османи, а Берат Јакупи во категорија – 84 кг оствари три победи и пораз, но немаше репасаж. Во истата категорија Виктор Крстевски имаше две победи, како и Абдурахом Идризи во – 60 кг. Во кати, Пулексенија Јовановска оствари пласман на 13тото место. К1 Премиер лигата во Истанбул се бодува за олимписката листа на WKF и беше прво големо натпреварување по една година пауза во каратето, а настапија вкупно 584 каратисти од 72 земји“, соопштија од Карате федерацијата на Македонија.

Share
Scroll to Top