(Видео) Бугарин со клуч го напиша неговото и името на девојка му на ѕидот на Колосеумот во Рим кој е стар 2000 години

(Видео) Бугарин со клуч го напиша неговото и името на девојка му на ѕидот на Колосеумот во Рим кој е стар 2000 години

пред 10 месеци

Англиски турист со потекло од Бугарија, Иван Димитров, предизвика реакции во Италија откако со клуч чкрташе на ѕидот на Колосеумот во Рим. Димитров кој е фитнес-тренер се сними минатиот месец, како со клуч го врежа неговото и името на девојка му, на ѕудот стар 2000 години.

Тој изгравирал „Иван + Хејли23“, а откако властите почнаа да го гонат, рече дека не бил свесен колку е стара арената. Сега му се заканува казна од три до 15.000 евра, а доколку биде осуден во Италија, може да добие и казна затвор од две до пет години.

Иван напишал писмо со извинување до градоначалникот на Рим, Роберто Гуалтиери и до обвинителството во Италија, пренесе „Инсајдер“.

„Со ова писмо сакам искрено да им се извинам на Италијанците и на целиот свет затоа што нанесов штета на дело кое, всушност, е наследство на целото човештво. За мене е срамно. За жал дури подоцна дознав колку е стар споменикот“, напишал Димитров во писмото.

Лондонски „Гардијан“ објави дека италијанската полиција го барала пет дена, и дека во меѓувреме ја напуштил Италија ѝ се вратил во Британија.

Share
Scroll to Top