(Видео) Вар технологија на балкански начин, судијата го прашуваше снимателот дали имало пенал

(Видео) Вар технологија на балкански начин, судијата го прашуваше снимателот дали имало пенал

пред 3 години

Судија на еден фудбалски натпревар во Србија, за момент се најде во центарот на внимание, откако не можеше да одлучи дали да досуди пенал за еден од тимовите. Тој прво покажа на белата точка, но, потоа се предомисли и побара помош од еден од снимателите.

„Шефе дали имаше контакт? Можеш ли да ја вратиш снимката?“, го праша судијата, на што доби одговор: Како солза брате, пенал имаше како солза“.

Судијата потоа ја потврди одлуката со образложение дека камерманот му порачал дека имало контакт. По ваквата одлука, еден од голманите кои требаше да го брани пеналот, го соблече дресот и го напушти теренот.

Share
Scroll to Top