(Видео) Виенскиот новогодишен концерт првпат се одржа без публика по 82 години

(Видео) Виенскиот новогодишен концерт првпат се одржа без публика по 82 години

пред 4 години

Традиционалниот Виенски новогодишен концерт, кој се одржува секоја година на 1 јануари, по 81 година се одржа без публика поради пандемијата со коронавирусот. Овојпат, музичарите од Виенската филхармонија настапија пред празна сала, првпат откако се одржува овој концерт од 1939 година. Диригент беше Италијанецот Рикардо Мути.

За да се надомести тишината, особено по воочливата полка и маршот кои традиционално се на програмата, телевизијата ORF го живо ги пренесуваше аплаузите на гледачите, 7.000 луѓе кои онлајн го споделија своето воодушевување од музиката.

Новогодишниот концерт посветен на династијата Штраус се пренесува во повеќе од 90 земји во светот со 50 милиони телевизиски гледачи.

Share
Scroll to Top