Празнично накитен воз веќе неколку дека се движи низ јужниот дел на Англија. Возот е покриен со неонски лед светла и ќе биде украсен додека не завршат празниците.
„Овој настан започна во 2018 година и беше голем хит од самиот почеток. Лани не можеше да се одржи парада поради короната, па затоа е убаво да се види како повторно патува по нашето прекрасно крајбрежје помеѓу Пенгтон и Кингсвер“, вели фотографот Скот Вилијамс.
„Лично, јас сум голем обожавател на украсениот воз и сакам да го гледам и слушам. Го сакам и Божиќ, така што ова е нешто на што се радувам секоја година“, додал тој.