(Видео) Вонземјанин ги исплаши њујорчани во метро

(Видео) Вонземјанин ги исплаши њујорчани во метро

пред 9 месеци

Мал зелен вонземјанин или нешто што наликува на тоа, ги исплаши њујорчани кои се возеа во подземната железница. Видеото предизвика големо внимание и стана хит на интернет.

Некои се шегуваа дека требало да го викнат Вил Смит да го ишамара како во комедијата „Луѓе во црно“. „Вонземјанинот“ носи маска во сино зелена боја со облик на голема ќелава глава, со искривени уши и црни очи. Има и широка маица со слика на планетата Земја и испишана порака „Сакај ја мајка сѝ“.

Комуницирал само со движења со рацете. Брзо откако видеото се рашири по социјалните мрежи, беше објавено дека не се работи за вистински посетител од вселената, туку за добро осмислена реклама која привлече големо внимание и ја постигна целта.

Вонземјаниот во њујоршкото метро е реклама за новиот филм „Џулс“ научно фантастична драма и комедија кој премиерно се појави на 11 август. Станува збор за приказна за старец чиј живот се менува кога НЛО ќе слета во неговиот двор во Пенсилванија.

Share
Scroll to Top