(Видео) Вонземјски објекти најдени на Земјата, од Харвард велат дека станува збор за историско откритие

(Видео) Вонземјски објекти најдени на Земјата, од Харвард велат дека станува збор за историско откритие

пред 1 година

Метални фрагменти за кои се верува дека не се со земјенско потекло, се најдени во Тихиот Океан. Физичарот од Харвард, професор Ави Лоеб, рече дека анализата покажала дека потекнуваат од меѓуѕвездениот простор.

Станува збор за околу 700 мали метални сфери кои содржат легури и кои по направените анализи се покажало дека не се совпаѓаат со ниту една постоечка легура во нашиот сончев систем.

Наодите сè уште не даваат одговор на прашањето дали се од вештачко или природно потекло, а Лоеб рече дека тоа е следното прашање на кое ќе го бараат одговорот.

„Ова е историско откритие бидејќи е првпат луѓето да имаат во раце материјали од голем објект што пристигнал на Земјата надвор од Сончевиот систем“, рече Лоеб.

Остатоците потекнуваат од објект сличен на метеор кој се урна во близина на брегот на Папуа Нова Гвинеја во 2014 година, а Лоеб не ја исклучува можноста дека се работи за фрагменти од вонземски брод.

Со неговиот тим поминале две недели копајќи го морското дно со надеж дека ќе најдат докази за поддршка на неговата теорија.

„Успехот на експедицијата е само илустрирација за вредноста на преземањето ризици во науката, наспроти сите шанси како можност за откривање ново знаење. Понатамошните истражувања ќе покажат дали сме во право“, рече Лоеб.

Share
Scroll to Top