(Видео) Во Вухан отворена изложба посветена на борбата со коронавирусот

(Видео) Во Вухан отворена изложба посветена на борбата со коронавирусот

пред 3 години

Во градот Вухан, од каде што се претпоставува дека почна заразата со Ковид-19, е отворена изложба посветена на победата над пандемијата со коронавирусот. Вухан и други градови во провинцијата Хубеи скоро три месеци беа под карантин за да се запре ширењето на заразата. На 8 април 2020 официјално заврши карантинот и беше означен крајот на појавување нови случаи на корона во провинцијата.

„Ројтерс“ објави видео во кое е прикажана некогашната болница во Вухан, сега претворена во огромен музеј, каде што има изложба на фотографии од доктори и медицински сестри и болничари, како и потпишани докторски мантили.

Има и цел ѕид посветен на лекарите кои починаа од вирусот, но и фотографија од докторот Ли Вениланг, кој прв проговори за опасниот вирус и болеста што ја предизвикува.

Има и простор посветен на цитати, фотографии и видеа од кинескиот претседател Си Ѓинпинг.

Share
Scroll to Top