(Видео) Во престрелка во Хјустон убиен е раперот Тејкоф од познатата хип хоп група Мигос

(Видео) Во престрелка во Хјустон убиен е раперот Тејкоф од познатата хип хоп група Мигос

пред 2 години

Американскиот рапер Киршник Хари Бол, познат како Тејкоф од хип-хоп групата „Мигос“, е пронајден мртов по престрелка во Хјустон која се случила утринава, пренесе TMZ.

dobivaj vesti na viber

Сведоците и извори од полицијата, изјавија дека инцидентот се случил околу 2:30 часот во ноќта меѓу понеделникот и вторникот. Во тоа време службите примиле итен повик дека во кугланата 810 Billiards & Bowling Houston е застрелан човек.

Извори тврдат дека Тејкоф и Куаво, исто така член од триото „Мигос“, се коцкале, по што избила кавга и пончале пукотниците. Наводно раперот Тејкоф бил застрелан во глава, а кога го пронашле бил прогласен за мртов на лице место.

На интернет се шират и видеа и фотографии од местото на настанот. Медиумите пренесоа дека Куаво бил првиот кој повикал помош, по што со луѓето кои се нашол во близина, се обидел да се тргне на страна.

TMZ пренесе дека покрај Тејкоф, застрелани се уште две лица кои во моментов се наоѓаат во болница. Засега не е позната причината поради која дошло до престрелката, а раперот Куаво не е повреден.

Тејков неколку часа пред пукањето објавил фотографија од кугланата, додека Куаво истата вечер споделил и видео во кое се гледа како се вози низ Хјустон со Јас Принц, кој славел роденден.

За потсетување, Тејкоф , Офсет и Куаво се членови на популарната американска хип-хоп група „Мигос“. Триото го основаа во 2008 година, а во нивните хитови долго време уживаат помладите генерации.

Share
Scroll to Top