(Видео) Врската со Џастин Тимберлејк ја уништи, а татко ѝ ја докрајчи: Објавен контрoверзниот документарец за Бритни Спирс

(Видео) Врската со Џастин Тимберлејк ја уништи, а татко ѝ ја докрајчи: Објавен контрoверзниот документарец за Бритни Спирс

пред 3 години

Во продукција на „Њујорк тајмс“, деновиве се појави документарецот Framing Britney Spears во кој е прикажан голем дел од неправдата со која се соочила пејачката Бритни Спирс.

Филмот го бележи патот кон славата на поп-ѕвездата и контроверзите околу нејзиното богатство, како и движењето Free Britney, кое станува сè посилно по прикажувањето на филмот. Во филмот се зборува за нејзиното минатото и настаните кои довеле до сегашната состојба. Од нејзиниот јавен нервен слом и стрижење ќелаво, до судската одлука дека ѝ е потребен старател кој ќе зе грижи за нејзиното богатсвт. Тука е и приказната за губењето на старателството над децата, а факт е дека животот на Бритни отсекогаш беше под лупа на јавноста.

Во документарецот е прикажана и нејзината врска со пејачот Џастин Тимберлејк, како и со таткото на нејзините деца, Кевин Федерлајн.

Филмот предизвика реакции и многу славни личности и дадоа поддршка.

Лани во ноември Бритни ја загуби судската битка, да ја отстрани контролата на татко ѝ над својот имот. Таа се залагаше за укинување на трајното старателство, целосната котрола врз нејзиниот живот, кој што ја имаше татко и по нејзиниот нервен слом во 2007 година.

Правната битка се водеше во позадината на движењето #FreeBritney, предводено од фанови кои веруваат дека Бритни е контролирана против нејзината волја.

  

Уште пред да излезе филмот, ѕвезди како Парис Хилтон и Роуз Мекгован споделуваа дека Бритни ја заслужува слободата, а сега и сè повеќе славни личности го изјавуваат истото.

Мајли Сајрус, Сара Џесика Паркер, Енди Коен, Хејли од бендот „Paramore“ се само дел од познатите кои што и дадоа поддршка.

#FreeBritney

— Sarah Jessica Parker (@SJP) February 7, 2021

 

Во меѓувреме, за првпат, во јавноста се огласи новото момче на Бритни, Сем Ашгари. Во ексклузивна изјава за магазинот „Пипл“, актерот изјави:

„Отсекогаш сум го сакал само најдоброто за мојата поубава половина, и ќе продолжам да ја поддржувам во нејзините соништа и нејзината цел да ја создаде иднината што ја сака и заслужува. Благодарен сум за љубовта и поддршката што ја добива од фановите ширум светот и се надевам дека заедно ќе имаме нормална иднина“.

Според документарецот, за сегашната состојба на Бритни не е виновен само нејзиниот татко, туку и луѓето со кои соработувала, па дури и Џастин Тимберлејк, со кого беше во врска на почетокот од 2000-тите.

Пејачката уште нема прозборено за филмот, но фановите и ѕвездите што ја поддржуваат се надеваат дека со обелоденување на вистината, Бритни конечно ќе ја добие својата правда.

Share
Scroll to Top