(Видео) Врчак се врати на сцената по 15 години, објави заедничка песна со ДНК

(Видео) Врчак се врати на сцената по 15 години, објави заедничка песна со ДНК

пред 10 месеци

По цели 15 години Раде Врчаковски-Врчак и официјално се „врати“ на македонската музичка сцена. Заедно со ДНК ја објави песната „Посреќна“, а публиката веќе коментира дека вредело да се чека толку време.

За ДНК, пак, „Посреќна“ е прва песна по пауза од речиси година.
Автори на музиката за „Посреќна“ се Панчо и Лазар Цветковски, текстот е на Панчо и Врчак, а аранжманот на Лазе.
Панчо, Андреј и Врчак видеоспотот за песната го снимија во Белград. Заедно со нив во спотот се појавува и Елена Ѓоргоска (23), членка на познатата модна агенција од Милано – „E2 Model Management“.
Видеото во Белград го снимаше професионална екипа, на чело со Макарије Топаловиќ, кој соработува со најпознатите регионални ѕвезди како Сенидах и многу други…
„Посреќна“ е само најава за она што допрва го планира Врчак кога станува збор за музичките планови, а исто така и ДНК веќе работи на нови проекти, кои публиката допрва ќе има прилика да ги слуша и да ги види.

Share
Scroll to Top