(Видео) Горан Папаз на саксофон преработи еден од најголемите хитови на Тоше

пред 3 години

Саксофонистот Горан Папаз ја преработи песната „Го молам ноќва небото“ од Тоше Проески.

„Маестро Григор Копров, кој е автор на музиката, и еден од најдобрите текстописци кај нас, Огнен Неделковски, несебично ми дадоа дозвола да ја направам оваа преработка“, рече Горан.

Продуцент и гитарист на песната е Танче Гроздановски, пијаното го отсвире Иван Еминовиќ а вокалот е на Андреа Гроздановска. Песната е снимена во студиото Гроздановски.

Горан, кој последните години настапува сам, беше член на „Суперхикс“, а свиреше и пред Папата во Скопје во 2019 година.

Share
Scroll to Top